Prison brake

Што мислите за ова момче: Некогаш бегал од часови, а денеска ја тресе планетата!

Владимир Путин е роден на 7-ми октомври 1952-ра година во Ленинград.
“Јас потекнувам од едно обично семејство, и на тој начин живеев долго време, односно скоро цел мој живот. Живеев како просечен, обичен човек и го зачував тоа” – вели моќниот лидер на Русија!
“Секогаш доцнев на првиот час, па во зима од брзање не успевав доволно да се облечам”. Во шестто одделение одлучил да го промени тоа, па почнал да учи и им се придружил на пионерите. Во 1970-та година ги започнал студиите по право, а очигледно и како студент обожувал да позира без маица, судејќи по фотографијата објавена на официјалната страница на Кремљ.


За да можел да се запише во школата КГБ морал да го заврши факултетот за право во Ленинград. По завршувањето на правните студии, по дипломирањето работел како контраразузнавач. Наскоро, бил вработен во Генералниот секретаријат. Од 1985-та до 1990-та работел во Источна Германија. Пред тоа се оженил со Људмила Шкребнева. Непосредно пред заминувањето во Германија ја добиле ќерката Марија. Другата ќерка Катерина, се родила во 1986-та година во Дрезден. Путин во 1989-та година бил одликуван за својата работа во разузнавачка служба во Дрезден и бил два пати унапреден.
По враќањето во Ленинград во 1990-та година станува асистент на ректорот на Универзитетот задолжен за меѓународни односи. Во 1996 година се преселил во Москва, каде што ја започнал неговата политичка кариера. Во 1999 година станува премиер на предлог на Борис Елцин, а наскоро го заменува на позицијата претседател. Осум години останува на таа позиција, а во 2008 година станува повторно премиер. Четири години подоцна, повторно е избран за претседател на Руската Федерација.

Напиши коментар