Жена зависна од тетовирање седела и трпеливо ја поднесувала болката од иглите за тетовирање полни 416 часа. Го покрила целото тело со една гигантска тетоважа во боја, ја претрпела сета мака, и покрај тоа што никогаш нема да може да го види резултатот – бидејќи е слепа.
Фран Аткинсон веќе три години оди по светот така украсена и горделиво го покажува своето “одело” од тетовирана кожа, а нема поим како изгледа тоа.
Но таа вели дека и се доволни реакциите на нејзиниот сопруг Рон и нејзиниот мајстор за тетоважи. Во овој случај тие двајца се нејзини очи – детално и објаснуваат каде што се наоѓа.
