Prison brake

Стјуардесите револтирани поради кратките мини здолништа: “Патниците ќе можат да ни го видат долниот веш”

Новата униформа е воведена како дел од известувањето дека Skymark во својата флота за прв пат вклучува Ербас авиони.

Јапонската асоцијација на кабинеот на екипажот, изјави дека униформата е несоодветна  за работа на стјуардесите, бидејќи таа вклучува и клекнување и поткачување на прсти.

Во коментарите на страниците на синдикатот се нагласува дека стјуардесите нема да бидат во можност да ги извршуваат своите должности поради страв од погледите или од патниците кои ќе ги сликаат под здолништата со нивните мобилни телефони.

Ги третираат жените како производ

Синдикатите тврдат дека униформата го крши Законот за цивилното воздухопловство кој забранува се што ја нарушува безбедноста, а тоа вклучува и сексуално залоставување.

-Исто така,Skymark ги третира жените како производ, и вели дека таа униформа ќе ги привлече патниците. Ние треба да ја доведеме во прашање моралноста на компанијата која како свој приоритет треба да ја стави сигурноста, стои во изјавата на синдикакот.

Skymark одговорил на наводите, додавајќи дека не ги третира жените како производ, дека униформата не ја загрозува безбедноста на летовите, дека не добиле никаков приговор од синдикатот и дека униформите ќе ги користат само за време на шестмесечниот промотивен период.

Напиши коментар