Motherhood

Супер совети за потопол дом и пониски сметки

Еден од најголемите проблеми во зима секако е сметката за греење. Во финансиската криза веројатно штедите на греењее, но тоа не значи дека треба да ви биде ладно во сопствениот дом.

За успешно да заштедите на сметките за греење во зимските месеци, може да се послужите со овие едноставни и бесплатни совети:

1. Затварете ги собите кои не ги користите

Доколку ги затварате вратите, нема да спречите само трошење на топлина од загреаната просторија, туку и студот кој надоаѓа од просториите кои не ги користите, и така собите подолго време ќе бидат поропли.

2. Разместете го мебелот

Гарнитурата за седење поместете ја од прозорот, бидејќи тој дел од собата е најладен, а истото важи и за надворешните ѕидови. Исто така, внимавајте да не го допирате мебелот на радијаторите. Пред и околу радијаторите не би требало да се стави дел од мебелот, за непречливо да се шири топлината од нив.

3. Зимска постелнина

Наједноставните работи понекогаш се најдобри, па така со замена на тенка постелнина со подебела ќе заштедите на греење. Ако сте добро покриени, ќе греете помалку, а и поздраво е да спиете во поладна соба.

4. Покријте ги подовите

Теписите не се важни само за уредување на ентериерот, туку и заради задржување на топлината. При греење на стамбениот простор околу 10 проценти од топлината оди на подовите, па затоа теписите имаат важна улога во одржување на топлината во собата.

5. Фолија

Обична алуминиумска фолија може да биде од голема помош. Ако ја ставите позади радијаторот, ќе ја одбива топлината кон внатрешноста на просторијата. Воедно нема да се гледа, бидејќи е поставена позади радијаторот.

6. Одржувајте ја куќата

Ќе имате двојна корист ако готвите или чистите, бидејќи ако правите нешто ќе ви биде потопло, а ако одмарате или гледате телевизија, тогаш ќе ви треба повеќе топлина.

Write A Comment