Motherhood

Време е гласно да кажете: “Fuck it!”

И навистина, кога ќе ги изустите овие зборови, ќе ви биде подобро!

Британските модернисти Џај Поли и Џон Паркин, започнаа една сосема нова работилница за постигнување на среќата во животот. На тоа ги предизвика едно шпанско истражување според кое жените во животот почесто од мажите чувсвтуваат вина.

Ако го одбиете тој дел од себе и за сè во животот кажете “Fuck it”, тоа е добар чекор кон среќата. Бидејќи, каков би бил животот кога постојано би се грижеле за тоа што другите мислат за нас. Оваа филозофија ги учи жените од себе да ги исфрлат надворешните влијанија и да го послушаат нивното внатрешно јас.

“Fuck it” водич за почетници

1. Направете листа на работи кои мислите дека другите ги мислат за вас. Потоа, покрај тоа напишете “Fuck it” и три позитивни работи кои ги мислите за себе. Овие три работи изговарајте ги секое утро и секоја ноќ.

2. Секој ден повремено протресете го вашето тело на 30 секунди, потоа застанете на 60 секунди и зговорете “Fuck it”. Ова ќе ви помогне да сфатите како вашето тело се чувствува кога е релаксирано.

3. Шетајте или трчајте половина час дневно и постојано бидете благодарни. Речете: “Благодарна сум што сум доволно здрава да трчам”. Вие всушност велите “Fuck it” на нештата поради кои во спротивно би се жалеле.

Напиши коментар