Новото истражување во кое биле вклучени шест илјади адолесцентки се поврзува со внесување на шеќерни напитоци со предвремената менструација. Ова откритие е важно поради ризикот од рак на дојка подоцна во животот, кај личности кои порано ја добиле својата прва менструација.
Главниот истражувач, доктор Карин Мајклс од Медицинскиот факултет на Харвар изјавил дека загриженоста се шири поради претераното внесување на слатки напитоци кај децата и адолесцентите.
“Тоа што најмногу нè загрижува е тоа што девојчињата со повеќе килограми порано добиваат менструација. Тие порано влегуваат во пубертет и порано стареат”, вели докторот.
Доколку девојчињата ја добијат својата прва менструација една година порано, ризикот да заболат од рак на дојки се зголемува за пет проценти. Соковите со додаден шеќер може да доведат до забрзано зголемување на хормонот инсулин. Дополнителниот инсулин може да доведе до поголема концентрација на сексуалниот хормон. Големите промени во хормоните се поврзани со рана менструација.
Докторот Кен Онг од Универзитетот Кембриџ вели дека ова е голема студија, која се простира преку цела Америјка, а откритијата се исклучително значајни.
“Од претходните истражувања дознавме дека претераното внесување на шеќер ја зголемува телесната маса, а сега знаеме дека доаѓа до предвремен пубертет”, вели Онг.
