Доколку сакате традиционала венчавка сигурно дека ќе одберете венчаница во бела боја. Трендот оваа година ги поместува границите на класичниот невестински изглед.
Сон на секоја девојка е да заблеска со својата убавина на тој посебен ден за што од голема важност е изборот на венчаница. Доколку спаѓате во оние похрабрите, овогодинешниот моден тренд е само за вас. Оваа сезона, креаторката Вера Ванг, за својата најнова колекција на венчаници ги поместува границите и неконвенционалното го става во прв план. Во Кина, црвената боја се смета за боја на среќата, затоа класичната кинеска венчаница е црвена. Овој вид на екстравагантна комбинација не е ништо ново. Сепак, на запад белата боја или бојата на слонова коска се класичен избор кој ги симболизира новиот почеток и моќта. Ако сте следбеник на екстравагантниот изглед, погледнете ја колекцијата на познатата креаторка и проценете дали би можеле да се замислите во црвена венчаница пред да го кажете судбоносното „да“.
