Либанскиот дизајнер Ели Саб во свадбената колекција за есен 2017 претстави венчаници со раскошни кроеви, долги шлепови, сложени рачно изработени везови, метри од тантела и тул. Тој се потпира на класичната силуета, но на иновативен начин и со нов поглед за тоа како треба да изгледа современата невеста која сака да изгледа ултра гламурозно. Дизајнерот со оваа колекција нуди предлози за невестите кои претпочитаат класичн стил, но и за оние кое сакаат да изгледаат посмело и помодерно.









