Соберете се, љубители на кечап, затоа што Heinz Ketchup лансира сложувалка од 570 парчиња, сите црвени, што не прави гладна додека ја гледаме. Во суштина тоа е главоболка што чека да се случи.
Монохроматската загатка не доаѓа со упатства или завршена слика за споредба, па ви посакуваме среќа при сложување на оваа монструозна сложувалка без никаква помош.
Во чест на 57те сорти на сосот на марката, првично имало само 57 сложувалки достапни преку интернет дарувањето на Heinz. За среќа, исто како и страшната целосно празна сложувалка, целосно бела сложувалка или сложувалката со градиент на бои, оваа црвена сложувалка со кечап сега може да се нарача преку интернет веб-страницата на Heinz.
Компанијата, исто така, донира 10.700 американски долари – или 107,000 оброци – за Feeding America, од профитот од продажбата на сложувалката во САД.
Доколку сте некој што постојано се обидува да остане зафатен додека е дома, мислиме дека оваа црвена сложувалка може да стане ваша нова опсесија.