Like

Еве што добивате кога Nike кутии ќе се претворат во парче мебел

Корејскиот уметник Gyu Han Lee ѝ претстави на јавноста уметнички концепт наречен „ON MY SEAT“, изработен од картонски кутии на Nike.

Проектот беше претставен во изложбениот простор „003archive“ во Сеул, а брендот Nike стана модерно парче внатрешна декорација.

„ON MY SEAT“ вклучува столчиња, со стандардни и помали димензии, како и клупи.

Сите парчиња мебел се изработени од препознатливи црвени кутии со додавање на специјалните Nike SB и Air Force 1 кутии.

Дизајнерот користеше различни варијанти на бои за да го долови уникатниот стил.

На прв поглед, може да изгледа дека сите елементи се изработени од картон, но на нивните рамки и пресеци се користеше иверица, со цел изгледот да одговара на удобноста.

Изложбата „ON MY SEAT“ трае до 6 октомври, а списанието Ho3 ги издвои најубавите прикази во галеријата подолу.

Напиши коментар