Ако бебето добие soor (наслаги на јазикот), тие треба редовно да се отстрануваат. Прочитајте ги советите од педијатар за тоа како да вршите орална нега кај новороденче. Поради разни причини, може да се појави soor на слузницата на устата и јазикот кај бебињата, габична инфекција која се манифестира во форма на бели наслаги од кандида. Со оглед на тоа што под нив се кријат ранички, бебињата кои имаат soor честопати одбиваат храна и имаат потешкотии во јадењето. За да му помогнеме на бебето, треба редовно да извршуваме посебна орална хигиена, за што ни е потребна една газа и сода бикарбона.
Како да го исчистите бебешкиот јазик од наслаги?
Пред оброкот на бебето, потребно е добро да ги измиете рацете и показалецот да го завиткате со чиста газа, што претходно сте ја натопиле во раствор од сода бикарбона. (извријте децилитар вода и изладете ја, а потоа додадете една лажичка сода бикарбона). Потоа, внимателно отстранете ја кандидата од јазикот и непцата со показалецот. Исто така можете да ги исчистите наслагите со натопување на газата во зовриена, изладена вода, а потоа во сода бикарбона. Пожелно е да се избришат брадавиците со истиот раствор пред секое доење. Оваа постапка треба да се повторува сè додека постојат бели наслаги. Кај упорни инфекции, по доењето, т.е. оброците, се користат пет дена, четири пати на ден, антифунгални лекови, како што се гел Дактанол или капки Нистатин, во доза препорачана за возраста.
Мерки за превенција
Бебињата можат да се заразат при раѓање, при минување низ породилниот канал, но и со недоволно чист прибор за хранење и со ставање валкани прсти и предмети во устата. Затоа, рацете на бебето треба редовно да се мијат ако ги цица прстите, а шишињата, цуцлите и играчките треба да бидат стерилизирани.
Мајките треба да се грижат и за хигиената на градите – брадавиците треба да се мијат со вода, никогаш да не се мијат со гел за туширање или сапун, и често треба да го менуваат градникот кој треба да е памучен.