Bridal

Кичот веќе не е во мода: Трендот на венчаниците од оваа сезона ќе ве воодушеви!

Иако белата е традиционална боја за свадби и веруваме дека ќе остане долго време, факт е дека и познатите девојки, но и обичните девојки од соседството сè повеќе се одлучуваат за венчаница во интересна боја.

Циркони, светки, кич сјај и сиот типичен раскош на венчаниците што ги оставивме во некое минато време. Некои би рекле, дури и подобро, а ние ќе речеме – попрактично, па дури и поеколошко!

Имено, расте трендот на венчаници што можат да се носат повеќе од еднаш (не само на ваша свадба, туку и во други пригоди), а модната индустрија се повеќе е склона да прави рециклирани венчаници. Ова се некои од новите трендови за венчаници што не можевме да ги избегнеме:

1. Практични

Фустаните со џебови пораснаа во популарност. Имено, денешните невести се „сами свои газди“ – секогаш ќе имаат мобилни телефони, кармин, лепак за трепките во џебовите, а можеби дури и мини прибор за шиење (шега, но можеби е многу добра идеја?).

2. Бои

Иако белата е традиционална боја за свадби и веруваме дека ќе остане така долго време, факт е дека и познатите девојки и обичните девојки од соседството сè повеќе се одлучуваат за венчаница со интересна боја. Вистинските авантуристки може да изберат црвена, но овој пат се уште размислуваме за некои пастелни тонови – како што се меки жолти, сини, нане или боја на јоргован.

3. Рециклирање

Револуцијата ја започна брендот Reformation, кој се појави на пазарот пред околу 10 години и направи нешто неодоливо. Еко мода со минимум загадување, рециклирани материјали кои со помош на технологијата стануваат како нови. И не, не зборуваме за некои луди винтиџ венчаници со тродимензионални пернички на рамената, туку за прекрасни модерни фустани кои со задоволство ќе ги запомниме децении подоцна.

4. Свадбени фустани со гол грб

Одамна е познато дека голиот грб е новото деколте. Интересно е што овој вид венчаница беше популаризирана од постоењето на социјални мрежи на кои сè повеќе се објавуваат слики од невестите свртени со грб.

Write A Comment