Иако треба да се грижи за безбедноста и редот, овој член на германските безбедносни сили покажа како се игра.
Германски полицаец докажа дека да се биде на должност не значи дека не треба да се забавувате. Тој се приклучи на малата програма за танцување во вторникот во Берлин.
Полицаецот бил виден како игра со учесниците во шоуто „Заедно менуваме“ без никакви потешкотии, беспрекорно изведувајќи го „заштитниот знак“ на Мајкл Џексон – moonwalk во близина на Бранденбургшката порта.
Собраните минувачи го поздравија потегот на полицискиот службеник, а танчерите исто така беа возбудени што ја споделија сцената со него.
Групата „Заедно менуваме“ ги собира луѓето да пеат, танцуваат и медитираат со цел да промовира позитивност и заедништво притоа почитувајќи го социјалното дистанцирање.