Bridal

Свадбена торта во форма на паун со долга опашка од колачиња

Многу пати сме имале можност да видиме десерти кои изгледаат како вистински ремек-дела.

Многу слаткарници денес прават колачи што се вкусни, но премногу убави за да сакате да ги јадете. Слаткарницата Malizzi Cakes не е исклучок.

Инспирирани од љубовта на невестата кон пауните, сестрите Malizzi Cakes направија уникатна торта која претставува еден вид уметност во храната.

Како што можете да видите од сликите, таа се состои од два дела: телото на паун поставено на три-нивоа кружна торта и шарени пердуви што се спуштаат по тортата и продолжуваат кон масата во форма на колачиња украсени со пердуви.

Сè на тортата беше рачно изработено, а потребни беа околу 3-4 часа за да се подготват колачињата и пердувите во зелени и сини тонови.

Вистинска уметност!

Напиши коментар