Рудникот за сол Wieliczka се наоѓа во близина на полскиот град Краков и докажува дека солта сама по себе може да биде дел од уметничко ремек-дело.
Отворен е во 13 век и денес е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Неверојатниот рудник се спушта до максимална длабочина од дури 327 метри, што звучи неверојатно кога ќе земете во предвид дека, да речеме, Ајфеловата кула е висока 300 метри.
Посетителите на рудникот Wieliczka имаат можност да видат прекрасни подземни езера, капели и простории што изгледаат како да се од некоја бајка.
Погледнете зошто Wieliczka е едно од најспектакуларните места во Европа.