Има некои работи кои се универзални и кои сите невести ги прават денот пред свадба и за време на свадбената церемонија. Доколку сте многу возбудени и за да не заборавите нешто, може да се потсетите тука. Денот пред прославата:
• Подгответе си ги облеката и обувките. Ако има потреба од пресоблекување за време на свадбената веселба, понесете резервна облека, земете со себе конец, игла и некоја ситница за прва помош,
• Подговтете ги документите за матичната служба и црквата, и секако, ако има можност легнете си порано.
• Подгответе пари за китењето, дарувањето од најблиските, кршење на вратата, музичарите…
На денот на венчавката:
• Добро појадувајте,
• Посетете го салонот за убавина – фризер и шминкерот,
• Направете ја фото сесијата со фотографот,
• Уживајте на своето венчавање и свадбена веселба, бидејќи вложивте голем напор во организација на свеченоста. Во случај да има некои отстапувања од предвидениот план, не се грижете. Со вас се сите ваши драги роднини и пријатели кои Ве сакаат и тогаш ништо не може да го расипе вашиот најубав ден во животот.